Во понудата на компанијата Corporate Planning, имплементацијата и советувањето кое го нуди IN2, се наоѓаат неколку решенија за напредни деловни процеси.  Corporate Planner е високо флексибилен информациски систем за изработка на планови и буџети, управување со паричното работење, анализа и известување.

•  CP-ANALYZER е дополнителен модул за повеќедимензионална анализа на податоците кој настанал врз основа на соработката на Corporate Planning и  Qlicktech.
CP-WEB е информациски систем базиран на web технологија. За користење во интранет/интернет околина се користат модулите CP-WEB/BSC (Balanced Scorecard)  и CP-WEB/FIS (Management information system).
Strategic Planner е алатка наменета за подршка при изработка на организациона стратегија со низа инструменти, како стратегиски биланси, SWOT анализи или benchmarking.
Risk manager е алатка наменета за помош при управување со ризиците. Решението овозможува идентификација на ризикот, приказ на нивното влијание како и документирање. Risk manager  го подржува целиот процес, овозможувајќи визуализација и документирање, како и следење на имплементацијата на контролните инструменти.

Природни корисници на Corporate Planning решението се аналитичари, личности вклучени во контролниот процес, финансиски директори, менаџери на поединечни деловни процеси, директори и работоводниот орган на претпријатијата. Corporate Planning решенијата овозможуваат имплементација на трите процеси во рамките на апликацијата – планирања, анализи и известувања. Корисниците апликацијата ја прилагодуваат на своите потреби, а на располагање е дадена и можноста за комуникација (еднонасочна или двонасочна) со изворните ситеми; едноставна изработка на ad hoc извештаи; како и добра обработка на различни права на самите апликации, за различни групни/индивидуални корисници.
 
Corporate Planning претставува средишно место за собирање на планови. Решението се одликува со едноставен процес на планирање, анализа и известување, како и изработка на ad hoc извештаи. Со различните групи на корисници дадена е можност за повеќејазичност, а системот го карактеризира и опцијата за повеќевалутарност.
 
           

 референци