Интерна едукација се спроведува на ниво на целата IN2 група, според програма која е прилагодена на профилот на работното место на секој вработен. На тој начин за секој нов вработен, без оглед дали се работи за приправник или за личност со искуство на која и недостасуваат некои знаења за работа на проект, се обезбедува обука пред ангажирањето на проект, ако е тоа потребно. Технолошки гледано, за вработените се осигурани програми за Java, Oracle и Microsoft технологиите. Покрај обука за работа во одредена технологија, обезбедуваме и обука за совладување на основните методолошки принципи, кои се важни и се користат на проектите (на пример вработените на обука за Oracle developer ја совладуваат и CDM методологијата).

Посебно внимание посветуваме на обуката на приправниците, на кои им обезбедуваме просечно два и пол до три месеци обука. Праксата покажува дека факултетското образование не дава доволно знаења и вештини за веднаш после факултетот бидат способни за работа на проект. Од тука, во нашиот едукациски центар за секој приправник обезбедуваме окружување, програм, техничка и менторска поддршка во совладувањето на програмата. Програмите редовно ги унапредуваме, во согласност со промените на технологиите на IT пазарот.
Интерната едукација има значајна улога и во рамките на примена на принципот „Целоживотно усовршување“, кое во IT струката се смета за неибежен фактор за опстанок и напредок. Со цел да на сите вработени им обезбедиме континуирано усовршување, спроведуваме дополнителни облици на едукациски активности како што се предавања и интерни работилници. Низ предавањата и интерните работилници е обезбеден брз пренос на знаењата на колегите кои постигнале резултати во некое подрачје, на колегите во рамките на IN2 групата. Поставивме и современа технолошка инфраструктура која обезбедува ефикасно складирање на информациите и документите, пристап на истите како и проверка на знаењата. Пример на такви решенија се SharePoint и Moodle.
 
Со Екстерната едукација сме свртени кон нашите корисници. Во најголем дел, во рамките на некој од проектите е потребно дополнително да се обучат вработените на корисникот и во такви ситуации креираме курсеви и работилници по желбите на корисникот. Корисниците го препознаваат квалитетот на таквата услуга и често бараат дополнителни курсеви, што посебно не радува.