Highways by Exor
е целосно апликативно решение за управување и одржување на инфраструктура. Развиено е на Oracle технологија, како Интернет апликација со интегрирана GIS подршка. Решението нуди евиденција, планирање како и следење на инфраструктурните објекти кои се субјект на управување. Решението пред се е наменето на претпријатијата чие работење вклучува одржување на патна, но и останата инфраструктура темелена на мрежа како основен  елемент за референцирање (на пр. гасоводи, водоводи или железници). IN2 првата имплементација во Хрватска је спроведе во претпријатието Хрватски автопатишта.

За разлика од повеќето готови производи, Exor со модуларен пристап се прилагодува на технолошките потреби на корисникот. После идентификувањето на потребите и анализа на состојбата, се договара оптималното решение. После тоа се тргнува во дизајнирање, имплементација и испорака на конечното решение кое дава дополнителна вредност за целокупната компанија.
 
Highways by Exor нуди побрзо и поквалитетно распределување на работата и пократко време на одзив при појава на недостаток. Решението ја подобрува испораката на услуги и задоволството на корисниците на инфраструктурата, како и побрзо завршување на отстранувањето на недостатоците и автоматска финансиска обработка. Highway by Exor има висока способност за следење на работите за одржување како и подобрување на квалитетот на известување.
 
Системот е изведен на неколку технологии. Базата на податоци е изведена на системот Oracle 9, 10; GIS на ESRI ArcSDE, ESRI ArcView, Oracle Spatial системите; апликацијата на Oracle Forms, Oracle Internet Application Server системите; а известувањето на  Oracle Discoverer и Oracle Portal системите.
 
           

 референци