Имплементацијата на готови производи во постоечки деловен и информациски ситем е сложена активност која со себе носи специфични ризици и со која мора да управува со проектен пристап скоро подеднакво сложен како и при развој на информациски систем. IN2 има големо искуство во имплементација како на сопствените готови решенија, така и во апликациски системи на други произведувачи. Важно е да се напомене дека за повеќето производи IN2 нуди прилагодба на производот на специфичните потреби на купувачот, па конечниот резултат според ефикасноста може да се мери со ситемот проектиран по мерка на корисникот. Имплементацијата на производите IN2 ја изведува со проект кој се состои од четири основни фази:

• 

Дефиниција – фаза во која се одредуваат целите на имплементацијата, опсегот и начинот на примена на производот во конкретната околина – деловниот систем на корисникот. Се дефинираат потребните стручњаци и опрема за изведба на проектот, временската рамка и начинот на проверка на резултатите на секоја фаза и на поректот во целина.

GAP анализа – фаза во која се утврдува начинот како имплементираниот производ ќе ги поддржува деловните процеси, односно како деловните процеси ќе се променат ако тоа се покаже како поефикасно и поекономично решение

Прилагодба на производот – во оваа фаза на основа на резултатите од GAP анализата производот се прилагодува на деловните потреби на корисникот, било со поставување на параметри на системот, било со проектирање и изработка на нови функционални модули на производот

Имплементација на системот – во последната фаза на проектот, системот се предава на купувачот на користење, што вклучува испорака и инсталација на ситемот, обука на корисниците и надзор на работењето во првите неколку недели на користење, со цел да се утврди дека корисниците се во состојба ефикасно да го користат системот во реални услови.

Производи кои IN2 ги имплементира со вакви проекти се:

   • IN2 производи:
          o INsurance2
          o INvest2
          o BrokerIN2
          o IN2 Asylum portal
          o INoffice2
          o INabava2
          o INplaće2
          o bINs2

    •  Партнерски решенија:
          o Oracle e-Business Suite
          o Oracle Hyperion
          o Oracle Siebel
          o Microsoft Sharepoint
          o Corporate Planner
          o Highways by Exor