INvest2 e интегрален апликациски систем за подршка на работењето во инвестициското банкарство и управувањето на доброволни и задолжителни пензиски фондови, а може да го користат и банки чувар. Се состои од следните модули:
• управување со имотот на фондот
• управување со пасивата на фондот
• финансиско книговодство
• автоматизирани книжења
• провизионирање
• известување
• управување со пасивата на фондот
• финансиско книговодство
• автоматизирани книжења
• провизионирање
• известување
INvest2 е развиван со најновата Oracle технологија која покрај класичниот клиент-сервер начин на работа овозможува и т.н. мрежно ориентиран начин на работа. INvest2 кој е изведен за мрежно ориентиран систем овозможува единствена информатичка инфраструктура за сите канцеларии на едно друштво како и пристап, автентификација и работа на корисникот преку Интернет или Интранет.
На основа на знаењето и искуството стекнато во следење на работењето на пензиските и инвестициските фондови во Словенија и Хрватска, како и со активното учество во пензиските реформи во двете земји од самиот почеток, IN2 e во одлична позиција да и во останатите држави од поранешна Југославија да настапи не само како испорачател на софтверско решение туку и како консултант и систем интегратот низ целиот процес од планирање до продукција. Понудата на IN2 вклучува комплетен консалтинг и потребна доработка и прилагодување на INvest2 системот.
| | | |||
|