•  BizTalk server е премиерен производ на Microsoft за изградба на решенија базирани на автоматизација на деловните процеси и управување со нив. BizTalk server овозможува креирање на автоматизирани деловни процеси во три главни подрачја:

     o  Enterprise Application Integration (EAI) –
         поврзува апликации и процеси во рамките на организацијата

     o  Business-to-Business Integration (B2B) –
         поврзува апликации и процеси меѓу повеќе организации

     o  Business Process Management –
         овозможува холистички пристап на работа со
         автоматизирани деловни процеси


Во околина во која се поставени високи барања за достапност, сигурност и доверливост на податоците, Microsoft BizTalk интеграциската платформа идеално се вклопува во сценаријата за поврзување на одделени системи.


IN2 има големо практично искуство во дизајн и имплементација на комплексни интеграциски решенија кај своите деловни клиенти користејќи Microsoft BizTalk. Пример на успешна имплементација, во форма на анализа на случајот, се наоѓа на службените страници на Microsoft - „INA Case Study“.