НАША МИСИЈА И ЦЕЛИ
 

МИСИЈА

Континуирано усвојување на нови и модерни информатички технологии, знаења за деловните процеси и други знаења,  и истите да бидат ставени  во корист на вработените и Друштвото, вработените полесно да работат, а Друштвото побрзо да расте. Со своето делување на територијата на Македонија, да овозможиме поквалитетен и поблизок контакт на целата групација со своите постоечки и свои идни клиенти, и да придонесеме за зголемување на квалитетот на услугите и производите за клиентите во Република Македонија.

НАШИ ЦЕЛИ

Да се задоволат растечките потреби на нашите клиенти

Производите на IN2 групата се квалитетни информациски ситеми кои ги задоволуваат барањата на клиентите во поглед на функционалноста, лесната употреба, квалитетот, сигурноста и долгорочната подршка која се реализира низ стратешко партнерсто со клиентот. ИН2 Скопје, со своето постоење и делување во Македонија, во името на IN2 групата овозможува локална подршка во сите фази од воведувањето и користењето на информацискиот систем. Истовремено, ИН2 Скопје работи и на локализирање на производите според важечките Законски и подзаконски акти,  како и на деловните правила и навики во Република Македонија. Со тоа ќе се овозможи приближување на производите и услугите на IN2 групата на потенцијалните клиенти во Република Македонија.

Да се прошири делувањето во Македонија

ИН2 Скопје е основан и со намера за ширење на деловните активности на подрачјето на Република Македонија. Сакаме да ги претставиме нашите софтверски производи и информатички услуги, создадени на база на повеќегодишно искуство во примена и познавање на информаточките технологии како и на деловните процеси, првенствено во областа на осигурувањето, инвестициското банкараство како и во јавниот сектор.

 Да се вработат квалитетни IT стручњаци

Целта ни е да станеме препознатливи по квалитетот и компетентноста на своите вработени и со текот на времето станеме фирма која на подрачјето на Македонија ќе претставува збир на квалитетни IT професионалци кои ќе нудат и даваат услуги на развој, воведување, усовршување и одржување на информациските системи како и други услуги од областа на информатичкото делување.

Да пронајдеме партнери

На информатичките компании од Македонија и од регионот на југоисточна Европа сакаме да им понудиме партнерство на основа на заеднички вложувања и настапи на пазарот во Македонија и пазарите на југоисточна Европа.