Во денешниот деловен свет, информатиката е критичен фактор за успешноста на работењето на било која организација. Заради тоа, на секоја организација од голема важност и е стабилен информациски систем кој добро функционира. Стабилноста и функционирањето на информацискиот систем се постигнува со успешно одржување и подршка која е многу често проблем бидејќи мора да се исполнат два спротивни услови:

•  Постојаните промени и прилагодби на информацискиот систем според работењето
•  Сигурно работење на системот во постоечките рамки
         
Овие барања се спротивни затоа што секоја промена на системот, ако не се извршува под строго надгледувани услови, води до несигурна и ненадежна работа на системот. Од друга страна, промените на системот мора да се извршуваат за да може системот да ги подржи деловните процеси кои во денешното деловно окружување постојано се менуваат, за да организацијата ја задржи својата кокурентска предност на пазарот.
 
Во ова подрачје IN2 нуди низа на меѓусебно ускладени услуги за да истовремено се осигура надгледувана промена и стабилност на информацискиот систем, со крајна цел да корисниците на системот добијат надежна и валидна информација кога и каде им е таа потребна. Нашите услуги се ускладени со ITIL нормите за управувањ со услугите во информатиката, што значи дека одржуваат најдобра светска пракса во спроведувањето на одржувањето и подршката.