Oracle E-Business Suite (EBS)
e во потполност интегриран, модуларен пакет на деловни апликации кои покриваат различни деловни подрачја – од продажба, услуги и маркетинг, преку финансии и управување со човечките ресурси, до ланци на набавка и производство. Модуларноста, отвореноста и големата прилаголивост на EBS, како и големото искуство на IN2 во развојот и имплементацијата на информациски системи, ќе овозможи на корисникот да со имплементацијата на EBS добие оптимално решение за своите потреби:

•  при имплементација,  избор на оние модули/деловни процеси на EBS кои му требаат на корисникот
интеграција на постоечките апликации кај корисникот кои квалитетно ги подржуваат некои специфични процеси
развој на дополнителни програмски елементи кои ги подржуваат специфичните потреби на корисникот.


Консултантскиот тим на IN2 за имплементација на Oracle EBSсе состои од стручни лица за деловните подрачја, развојни инженери специјализирани за надоградба на EBS-от според потребите на корисниците како и администратори на бази и системи.

Од декември 2001-а година, хрватскиот јазик е вклучен помеѓу триесетината јазици на кои се преведени Oracle апликациите. Извршена е и локализација на модулите на Oracle EBSпрема законската регулатива на Република Хрватска и хрватската деловна пракса: вклучени се нашите влезни и излезни даночни книги, пресметка на камати, надзорни книги за увоз и слично.

Апликацијата е заснована на трослојна архитектура, со Oracle бази на податоци и Oracle апликациски сервер. Крајните корисници пристапуваат на апликацијата преку Интернет прегледувачи (Microsoft IE, Mozilla Firefox, Netscape Navigator). Апликацијата е развивана со Oracle развојни алати (Forms, Reports, JDeveloper).

           

референци

     


 Повеќе за Oracle
E-Business Suite