Изведба на целосни проекти на развој и имплементација на систем (custom development)

Иако денес на пазарот постојат добри готови решенија за многу деловни проблеми, развојот на специјални решенија понекогаш е неопходен, било да се работи за интеграција на меѓусебно неповрзани апликации во единствен систем или изработка на систем по специфични барања на корисникот.
 
IN2 има долгогодишна пракса и искуство во градење на системи по мерка на корисникот. Стручните лица од IN2 при таков развој користат познати методи за развој на системи и водење на такви проекти како што се: PRINCE2, PJM, CDM и MSF. Овие методи прецизно ги опишуваат сите активности кои е потребно да се спроведат за да проектот на развој успешно се донесе до крај. Типични фази во изработка на вакви системи се:

•  Дефиниција – фаза во која се одредуваат најважните карактеристики и опсегот на примена на идниот систем, се дефинира времето и потребните ресурси (луѓе и опрема) за изведба на проектот, како и начин на проверка на резултатите на секоја фаза и проектот во целина
Моделирање на барањата – фаза во која детално, со итеративна постапка, се дефинираат барањата од идниот систем и се изработува и проверува неговиот прототип
Градење на системот – во оваа фаза, од потврдениот прототип се доаѓа да готов и тестиран систем
Имплементација на системот – во последната фаза од проектот, системот се предава на купувачот на користење, што вклучува испорака и инсталација на системот, обука на корисниците и надзор на работењето во првите неколку недели на користење на системот, со цел да се  утврди дека корисниците се во состојба ефикасно да го користат развиениот систем во реални услови.
 
Секоја од овие фази има јасно дефинирани излезни резултати кои подлежат на проверка, што ја зголемува сигурноста дека проектот и неговите резултати ќе ги исполнат целите на купувачот. За успех на ваквите проекти, покрај добрата организација на самиот проект, клучни се луѓето, нивните знаења и вештини. Големиот број на стручњаци од различити подрачја на информатиката кои работат во IN2 и кои се на располагање за секој проект, ни овозможува изградба на специјализирани тимови со специфични знаења потребни за остварување на целите на било кој проект.
 
Давање на услуги од подрачјето на развој и имплементација на информациски системи
 
Многу фирми имаат сопствени луѓе и тимови кои успешно го развиваат и одржуваат нивниот информациски систем, но понекогаш е потребно да се усвојат нови технологии и да се направи голем напор во унапредување на постоечките системи, за што вработените во IT одделот се редовно оптоварени со работа и немаат време и знаење.
 
Доколку сакате да ги пополните своите тимови за развој и имплементација на информациски системи со проверени стручњаци од различни подрачја на информациската технологија, обратете ни се нас. IN2 може да понуди занења и вештини од преку 150 стручњаци, од кои многу се сертифицирани за различни подрачја на информациската технологија. IN2 нуди стручњаци во следните подрачја:
 
    •  Технологија:
              o Oracle
              o Microsoft
              o Java
    •  IT подрачја:
              o Развој на апликации
              o Системска администрација
              o Системска интеграција
              o Business Intelligence
              o Сигурност на системите
              o Водење на IT проекти
              o Имплементација на IT норми и препораки
              o Организација на информатика
    • Норми и препораки:
              o ITIL
              o CobiT
              o ISO 9001
              o ISO 17799
              o ISO 27001