IN2 има постојано потреба за неколку профили на вработени:

Проектант/програмер
Работата на проектант е проектирање, дизајн, изработка и учество во воведувањето на информацискиот систем. Потребно е високо образование (информатичка насока) од електротехнички, економски, математички, организациски или сличен факултет. Потребни знаења се: програмирање во алатите од четвртата генерација (Oracle, Microsoft,...) или објектните алати, релациски/објектни бази на податоци, познавање и желба за примена на методологии, познавање на оперативни системи (Windows или Unix или VMS или ...). Во рамките на IN2 проектантот може да извршува работи од ниво на изработка на софтвер, преку нивото на водење на сегмент на проектот, водење на целиот проект па се до техничко водење на повеќе проекти истовремено.
 

Консултант/имплементатор
Работата на консултант/имплементатор е воведување во работа на информацискиот систем и грижа за негово функционирање. Се бара високо образование, а насоката зависи од подрачјето на индустријата во кој се применува информацискиот систем. Пожелно е искуство во воведување на инфорнациски системи и познавање на индустриската област (осигурување, финансиски сектор, трговија,...). Типични работи се: дефинирање на барањата на корисниците, воведување на информацискиот подсистем, ... 

•  Одговорност
•  Тимска работа
•  Иницијатива
•  Постојано усовршување
•  Креативност