ЗА КЛИЕНТИТЕ
Контактирајте не, ќе ни биде задоволство да Ве посетиме и да Ви ги претставиме нашите производи и услуги низ презентации за оперативен и топ менаџмент, извршители, IT професионалци. Ќе Ве запознаеме со основните функционалности на нашите апликации како и со начинот на кој ги воведуваме, локализираме и прилагодуваме на специфичните потреби на секој клиент.
Нашите консултанти ќе Ве советуваат, користејќи го своето долгогодишно искуство, во поглед на организацијата и технологијата на работа, оптимален избор на опрема како би се избегнале вообичаените проблеми при воведување на информациските системи. Нашите софтверски производи се модуларни и скалабилни. Тргнете од варијантата која одговара на Вашите можности и обемот на работењето. Едноставно во иднина ќе можеме да ги надоградуваме и прошируваме.
Нашите информациски системи се базираат на долгогодишното искуство во примена, заради тоа на нашите клиенти им носат не само алат и технологија туку и деловно знаење (know-how) во областите кои во Македонија од скоро се законски регулирани и досега не биле софтверски подржани (инвестициски фондови, доброволни и задолжителни пензиски фондови, банка чувар).
Непостоењето на јазична бариера исто така го истакнуваме како наша предност, како во иницијалните контакти така и во разбирањето на нашите апликации. Со тоа значајно се поедноставува и се скратува времето на воведување. Ќе ни биде задоволство да одговориме на Вашето барање, да го посветиме нашето време и да Ви понудие вистинско IT решение за вас. Обратете ни се со полна доверба.