ИН2 Скопје
Друштвото за информатички инженеринг ИН2 дооел Скопје, основано е во ноември 2009. година и делува во рамките на IN2 групата со седиште во Загреб, Хрватска.
Основната дејност на Друштвото на територијата на Република Македонија е е информатички инженеринг и услуги во областа на информатичката технолгија поврзани со развој, имплементација, подршка и одржување на производите и партнерските решенија на IN2 групата. Во соработка со членките на IN2 групата врши воведување и на нови информациски системи како и ги извршува и работите за советувања во областа на информатичката технологија, во различни подрачја.
Во име на останатите членки на IN2 групата, ИН2 Скопје врши застапување, организација на промотивни и маркетишки активности, преддоговорните активности, како и испитување на пазарот на територија на Република Македонија.
Истовремено, ИН2 Скопје работи и на локализирање на производите според важечките Законски и подзаконски акти, како и на деловните правила и навики во Република Македонија. Со тоа ќе се овозможи приближување на производите и услугите на IN2 групата на потенцијалните клиенти во Република Македонија.
ИН2 Скопје е целосно отворен за соработка и со други фирми на територијата на Р. Македонија на партнерска основа.
IN2 група
IN2 групата е составена од 10 членки кои се наоѓаат и делуваат на територијата на Хрватска, Словенија, Босна и Херецеговина, Србија и Македонија. Основана е 1992. Година и е во приватна сопственост. Од основањето до денес, низ успешно работење и постојан раст, IN2 стана една од водечките фирми во регионот со репутација на партнер кој успешно проектира и имплементира сложени информациски системи засновани на модерна технологија.
Како групација, специјализирани сме за развој на софтверски решенија по нарачка, развој и примена на сложени информациски ситеми. При тоа IN2 самостојно проектирa, развива, имплементира и одржува информациски ситеми со користење на Oracle и Microsoft технологии. Покрај сопствените апикации локализира, имплементира и дава консалтинг услуги за некои од најпознатите глобални решенија.
Без оглед на тоа што вниманието е насочено на усвојување и примена на нови технологии, веруваме дека наша најголема и најтрајна вредност се луѓето. Согласно со тоа верување, на ниво на цела групација особено значење се дава на изборот на високообразовани и креативни стручњаци како и на натамошниот равој на нивните знаења и вештини. Вкупниот број на вработени на ниво на група е повеќе од 300.
Со своите висококвалитетни и иновативни софтверски решенија им помагаме на клиентите да ги реализираат нивните деловни цели, и при тоа нудиме и остваруваме долгорочно и сигурно партнерство во сите фази на развој и воведување на информацискиот систем. Исполнувањето на потребите на клиентите за постигнување на деловните цели е во центарот на нашето поимање на поимот квалитет на информатичкиот производ и услуги. Од тука, успехот на ИН2 групата се мери со успехот на клиентите.
Во текот на 2003 година IN2 го имплементираше системот за управување со квалитет согласно со барањата на нормата ISO 9001:2000. Сертифицираност е два пати потврдена со ресертификација, и со последната во Февруари 2009.-та потврдена е согласност со најновата верзија ISO 9001:2008. Системот за управување со квалитет во IN2 е така конципиран да овозможи флексибилност на управувањето без оглед на досегот и опсегот на услугите кои се даваат или на големината и сложеноста на поединечниот проект.
• | Основни податоци |
• | Наша мисија и цели |
• |